[ВИДЕО] Синоока Русинка вирална на ТикТок ги освои и Македонците: Нема да останете имуни на емотивната изведба на „Јовано, Јованке“

Точка

29/05/2025

21:43

2.248

Големина на фонт

а а а

Татјана „Тања“ Ињушина е популарна руска пејачка, инфлуенсерка и блогерка. Веруваме дека ова име не ви значи многу, но откако ќе го прочитате текстот ќе ви стане прилично блиска.

Имено, оваа синоока девојка има свој ТикТок профил на кој можете да ги погледнете нејзините музички перформанси, каде што таа пее на сите словенски јазици.

Убавата Русинка сними видео во кое ја пее легендарната македонска народна песна „Јовано Јованке“, и за кое доби десетици коментари од публиката од целиот Балкан, која ѝ се заблагодари за интерпретацијата и љубовта кон македонската традиција.

Нема никаков сомнеж зошто оваа објава за кратко време стана толку вирална.

Ињушина е позната по негувањето на руската народна песна и по креативниот пристап во создавањето на сценски ликови и музички изведби.