Додека во Наполи се уште трае еуфоријата поради освојувањето на Скудетото, навивачите во градот под Везув добија уште една вест која дополнително ќе ја подигне еуфоријата.
Откако Антонио Конте ја врати титулата во Неапол, во трка со фото-финиш со Интер, гласините дека ќе го напушти клубот и ќе се врати во „својот“ Јувентус стануваа сè погласни.
Дури и во Торино почнаа да подготвуваат терен за неговото враќање, но сопственикот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, имаше други планови.
Во четврток вечерта се одржа состанок на кој Конте се согласил да ги Наполитанците кон одбрана на тронот, како и во Лигата на шампионите.
Првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис задоволен од исходот на преговорите по завршувањето на состанокот дури и му ја отвори вратата од автомобилот на Конте.
#SerieA | @sscnapoli, terminato l'incontro tra #Conte e la dirigenza: l'allenatore ha confermato la volontà di restare e si è iniziato a parlare di programmi per la prossima stagione. @SkySport pic.twitter.com/s0rWBvv8Y5
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) May 29, 2025
Договорените услови сè уште не се познати, но сигурно е дека Конте повторно ќе добие сериозен буџет за трансфери.
Прв на неговиот список е Кевин де Брујне, кој треба да пристигне како слободен агент од Манчестер Сити.
Наводно, Белгиецот веќе одбрал куќа во Неапол.
Покрај Де Брујне се шпекулира дека во клубот, исто така како слободен играч ќе пристигне напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид.
Минатото лето, Конте имаше на располагање 150.000.000 евра, тогаш во клубот пристигнаа Скот Мектомини, Алесандро Бонџорно, Ромелу Лукаку, Давид Нерес, Били Гилмур и Рафа Марин.