[ВИДЕО] Модриќ со солзи во очите се одјави од „Бернабеу“ со легендарна изрека, ги прегрна децата и сопругата по натпреварот

Дерби

24/05/2025

20:18

2.188

Големина на фонт

а а а

Ова попладне дојде денот кој никогаш не посакуваа да дојде Лука Модриќ и верните навивачи на Реал Мадрид, бидејќи легендарниот Хрват денеска го имаше последниот фудбалски танц во белиот дрес на „Сантијаго Бернабеу“.

Иако ќе настапи на Светското клупско првенство, последниот настап на домашниот стадион беше посебно емотивен, па по победата над Реал Сосиедад со резултат 2:0, сите фанови останаа на трибините со цел да ги испратат Модриќ и Карло Анчелоти.

Говорите на двајцата предизвикаа многу емоции кај сите присутни на стадионот, а рамнодушен не остана ниту првиот човек на клубот, Флорентино Перез.

Иако Перез ја донесе клучната одлука да не му се продолжи договорот на Модриќ, самиот е свесен дека Хрватот остави незаборавно фудбалско наследство во Мадрид, пред се поради тоа што си заминува како најуспешен и најтрофеен играч во историјата на клубот.


– Дојде моментот кој никогаш не сакав да дојде, но овој патување беше неверојатно. Прво и основно, сакам да му се заблагодарам на клубот, на саканиот претседател Флорентино Перез. Сакам да им се заблагодарам на сите тренери кои ги имав сите овие години, на соиграчите кои ме поддржуваа и на луѓето и фановите кои беа зад мене.

– Ви благодарамн од срце, на моето семејство исто така. Освоивме многу работи, имавме незаборавни моменти. Ме водеше вашата љубов која ми ја дававте сите овие 13 години. Немам доволно зборови со кои можам да се заблагодарам, – изјави Модриќ, кој за крај се одјави со една легендарна изрека.

– Сакам да кажам една фраза која многу ми се допаѓа. Не плачете бидејќи заврши, насмевнете се бидејќи се случи! Хала Мадрид, – порача Модриќ, кој со оваа реченица го расплака и Флорентино Перез.

Видеото погледнете го ТУКА.