Драма на небото: Гром удри во авион во кој се наоѓаа Александар Зверев и други познати тенисери

A1ON.MK

24/05/2025

13:53

1.709

Големина на фонт

а а а

Третиот светски тенисер доживеа вистинска драма за време на летот за Париз на пат кон Ролан Гарос, кој започнува во недела, откако авионот со кој леташе беше погоден од гром.

Покрај Зверев, во авионот биле и други тенисери, Јиржи Лехечка од Чешка и Брендон Накашима од САД, како и уште неколку тенисери кои играле двојки.


Тие имале лет од Хамбург, од каде што сите се упатувале кон Париз за Ролан Гарос, но доживеале сериозен стрес на небото кога гром го погодил авионот за време на летот.

По пристигнувањето во Париз, Зверев објасни што се случило.


– Моето патување овде беше навистина феноменално. Има неколку смешни приказни таму. Моето патување овде беше смешно бидејќи требаше да полетаме вчера вечер во 18:45 часот. Полетнавме од Хамбург и летавме заедно со Јиржи Лехека и Брендон Накашима, неколку момци од двојки – и нè удри гром. Затоа моравме да направиме итно слетување назад во Хамбург. Не можевме да најдеме друг авион, па сите други полетаа следниот ден наутро. Се качив на друг авион и полетав околу 1 часот наутро, па пристигнав тука во 1:33 часот, откри Александар Зверев.