Конте: Неверојатно е тешко да се победува со Наполи

Макфакс

24/05/2025

14:19

215

Големина на фонт

а а а

Антонио Конте рече дека е „многу тешко да се победи со Наполи“, но и дека ова е „извонредна сезона“ во која „момците заслужуваат признание“, откако ја освоија титулата шампион на Италија во последното коло од Серија А.

Конте стана вториот тренер во историјата кој ја освоил Серија А со три различни клуба, претходно тоа му успеа на легендарниот Фабио Капело. Конте Серија А ја освојуваше и со Јувентус и Интер.

„Овие момци беа одлични. Не беше лесно, притисокот беше огромен, но тие влегоа во сезоната на вистинскиот начин. Ова беше извонредна сезона и тие заслужуваат признание затоа што решија повторно да се предизвикаат себеси, особено оние кои ја освоија титулата пред две години и завршија десетти минатата година.“

Да ве потсетиме дека во 2023 година, Наполи беше шампион под водство на Лучано Спалети, но сезоната подоцна заврши на 10-то место и остана без Европа.

Токму тоа се покажа како предност оваа сезона: додека Интер играше во полуфиналето на Лигата на шампионите и полуфиналето на Купот, Наполи, без европски обврски, успеа да се одржи и да се избори со повредите и пота да ја освои титулата со еден бод повеќе.

„Искрено, многу е тешко да се победува со Наполи. Овие играчи тоа да го направија двапати во три години, значи дека има нешто посебно тука. Поминаа повеќе од 30 години откако Диего Марадона ја освои титулата тука, а сега Џовани Ди Лоренцо како капитен повторно го крева трофејот. Тоа е нешто посебно. Ќе повторам, не е лесно, бидејќи ова не е клуб кој е програмиран да победува од почетокот на сезоната.“

Дали Конте ќе остане на клупата следната сезона?

„Уживаме во овој момент. Имам добар однос со претседателот. Да речеме дека се запознавме преку оваа сезона: двајцата сме победници. Можеби различни, но двајцата сме победници.“