Гарначо е лут, сака да го напушти „Олд Трафорд“

Макфакс

24/05/2025

14:15

252

Големина на фонт

а а а

Ремонт го очекува Манчестер јунајтед во летниот преоден рок. Англиските медиуми тврдат дека сите играчи, со исклучок на Буно Фернандеш се на продажба. Има и незадоволни кои најавија заминување.

Алехандро Гарначо, крилниот напаѓач, беше исклучително лут по поразот на Јунајтед од Тотенхем во финалето на Лига Европа, бидејќи одигра само 20 минути. Токму ова е причината зошто Гарнасио сака да го напушти клубот.

Дури и пред овој натпревар, Гарначо имаше одредена доза на незадоволство, а одлуката на Аморим да го внесе Маунт во почетниот состав наместо него во финалето беше само шлаг на тортата.

Сега Аргентинецот бара излез од клубот.

Гарначо одигра 36 натпревари во Премиер лигата, постигна шест гола и додаде две асистенции, но често започнуваше од клупата, на другата страна, но и кога беше стартер, најчесто тој беше првата измена што ја правеше Аморим.

Минатата зима се шпекулираше дека Аргентинецот може да го напушти „Олд Трафорд“, сега се чини дека ќе истрае во намерата да го смени клубот.