НБА ги објави најдобрите петорки, во првата нема изненадувања

Макфакс

24/05/2025

13:56

311

Големина на фонт

а а а

НБА лигата ги објави најдобрите петорки за сезоната 2024/2025. Најдобрата петорка во лигата е речиси иста како и минатата сезона. Четворица од петте кошаркари добија максимални 100 гласови.

Никола Јокиќ од Денвер Нагетс, актуелниот МВП, Шеј Гилџис-Александер, Јанис Адетокумбо и Џејсон Тејтум ги добија сите 100 гласови што ги ставија во првиот тим. Овие четворица беа меѓу првите пет и минатата сезона.

Единствената промена во однос на минатата сезона е бекот на Кливленд Кавалирс Донован Мичел, кој го замени словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ.

Џејлен Брансон, Стеф Кари, Ентони Едвардс, Леброн Џејмс и Еван Мобли ја сочинуваат втората петорка, а Кејд Канингем, Тајрис Халибартон, Џејмс Харден, Карл-Ентони Таунс и Џејлен Вилијамс се во третата најдобра петорка во лигата за оваа сезона.