Светот на борбените спортови тагува по смртта на Џорџија О’Конор, една од најголемите надежи на британскиот бокс и непоразена дама во нејзината професионална кариера.
О’Конор (25) почина вчера по долгата борба со ракот.
Прво ѝ беше поставена дијагноза, по која таа изрази фрустрација кон медицинските лица кои првично ја отфрлија нејзината загриженост.
Имено младата Англичанка од Њукасл почина по борба со ракот, а претходно неколку пати јавно тврдеше дека лекарите со месеци ја запоставувале.
Јавно ги прозва лекарите да „станат посериозни“ и дека нејзината состојба е опасна.
О’Конор го изрази своето незадоволство од здравствениот систем во Велика Британија, а потоа на почетокот од 2025 година ѝ беше дијагностицирана ретка и агресивна форма на рак, кој за жал бргу ѝ го одзеде животот. Инаку претходно, таа се борела и со улцерозен колитис, хронична воспалителна болест на цревата.
Меѓутоа и покрај сите проблеми, британската боксерска ѕвезда се обиде да остане оптимистична, и се омажи на 9 мај, две недели пред нејзината смрт, со надеж дека ќе успее да ја занемари тешката животна борба.
Таа ја нарече венчавката „најубавиот ден во нејзиниот живот“, дури и кога нејзиното здравје брзо се влошуваше, а за среќа успеа да ја исполни оваа голема животна желба.
Во текот на нејзината кариера, таа никогаш не претрпе пораз во професионалните борби, а особено се издвојува спектаклот во лондонската О2 арена на 15 октомври 2022 година, кога ја победи Џојс Ван И.