Во потрага по новиот Џејмс Бонд, кладилниците „експлодираа“: Новиот фаворит е актерот кој досега воопшто не беше спомнат!

Точка

22/05/2025

18:39

1.543

Големина на фонт

а а а

Улогата на Џејмс Бонд е една од најголемите улоги што еден актер може да ја добие и веројатно најочекуваното назначување во целата филмска индустрија, па затоа е сосема природно што шпекулациите за тоа кој би можел да биде следниот Џејмс Бонд не престанаа откако Даниел Крег последен пат ја играше улогата во „No Time To Die“ (Нема време за умирање).

Многу имиња се поврзуваат со улогата на агентот 007, од Идрис Елба до Том Холанд, Арон Тејлор, Џејмс Нортон, Харис Дикинсон, Џош О’Конор и Том Харди, па сè до Стјуарт Мартин. Но, како што премиерата на новиот филмски спектакл се приближува, се појави нов фаворит за улогата на Бонд, пишува „Дејли Мејл“.


Според обложувалниците „Ледброкс“ и „Корал“, тој фаворит е никој друг туку ѕвездата од серијата „Divergent“, 40-годишниот Тео Џејмс. Британскиот актер претходно ја воодушеви публиката во сериите „The White Lotus“ и „The Gentlemen“, во кои играше непредвидливи, морално сомнителни ликови, донекаде слични на Бонд.

Џејмс беше еден од водечките кандидати за улогата пред неколку години, но испадна од листите на обложувалниците по интервјуто во 2024 година во кое коментираше за можноста тој да биде следниот агент на 007.


„Сите се заинтересирани да го играат Бонд бидејќи тоа е голем дел од британскиот културен идентитет, но веројатно не би бил јас. Мислам дека има подобри луѓе за таа работа. И искрено, тоа би било застрашувачки… ја отворате Пандорината кутија“, рече тој.

Но, нови шпекулации повторно се разгореа во последните недели, откако други актери, како што се Хенри Кавил и Арон Тејлор-Џонсон, накратко беа фаворити. Моментално, според обложувалниците, Џејмс е водечки во трката. Обожавателите исто така се чини дека се убедени дека Џејмс е совршен за улогата, бидејќи повеќе од 70 отсто од сите облози за новиот Џејмс Бонд овој месец паднаа на него.


Харис Дикинсон неодамна беше трет фаворит за оваа иконска улога, а според него, новиот агент 007 треба да биде Џонатан Бејли , ѕвездата на „Бриџертон“. Сепак, иако Бејли беше споменуван како потенцијален Бонд во неколку наврати, тој моментално не е меѓу фаворитите.