Кварацхелија е убеден: Наполи заслужува и ќе го освои Скудетото

Дерби

22/05/2025

12:39

209

Големина на фонт

а а а

Утре треба да имаме конечна разврска и да го дознаеме шампионот на Италија со тоа што има опција таа драма да потрае, односно има потенцијална ситуација во кој би имале бараж меч за пехарот меѓу Наполи и Интер ако двата тима освојат подеднаков број на бодови.

Колку е тоа возможно останува голем знак прашање затоа што Наполи во последното коло би требало да загуби од Калјари, додека Интер да освои бод со Комо, па пореално е сценарио утре да го добиеме освојувачот на Скудетото за натпреваручката 2024/2025.

Квича Кварацхелија беше дел од составот на наполитанците кој го врати пехарот во Неапол во 2023 година, а настапуваше за овој тим и во првиот дел од сезоната пред да се пресели во Пари Сен Жермен.

Тој и понатаму го прати поранешниот тим и верува дека избраниците на Конте ќе го кренат пехарот.

- Да, ги гледаме заедно со Донарума и Фабијан Руиз. Го сакам Наполи, мислам дека ќе го освојат Скудетото и тоа ќе биде прослава за луѓето од Неапол – тие тоа го заслужуваат, -порача Грузиецот.