Со само 17 години, Ламин Јамал стана еден од најдобрите фудбалери во светот и играч околу кого многу работи се вртат, а Барселона сака околу него да ја гради иднината. По брилијантните настапи во дресот на Барселона, талентираниот Шпанец очекувано се најде на радарот на европските гиганти и оние кои се во многу подобра финансиска состојба каталонскиот клуб.
Спортскиот директор на Каталонците, Деко, призна дека клубот добил екстра понуда, која не не била лесна за одбивање. Според него, ПСЖ понудил 250 милиони евра.
Тековниот договор на Јамал со Барселона истекува на 30. јуни 2026 година, а Каталонците презедоа конкретни чекори за продолжување на неговиот договор.
„Обновувањето е на вистинскиот пат. Го гледам Ламин на необично зрело ниво. Мора да бидеме среќни и да се радуваме, бидејќи нешто вакво не е нормално. Играч толку млад, со толку многу квалитет, не изгледа нормално.
Не смееме да заборавиме дека тој има 17 години и, без разлика колку и да е зрел, мора да живее според неговите години. Светот околу него е комплициран и тој треба да биде среќен“, рече Деко.
Деко потоа потврди дека минатата година добиле понуда од Париз, но дека не биле точни шпекулациите дека интерес за Јамал покажал и Реал.
„Тој не побара да биде најплатен играч во тимот. Нема јавно да зборувам за договорите на играчите. Ламин не побара ништо. Негов приоритет не е да биде најплатен играч, а неговиот договор ќе биде прилагоден на реалноста“, рече Деко.
Доколку Барса ја прифатеше понудата од Париз, рекордот ќе беше соборен, бидејќи ниту еден играч претходно не бил платен толку многу. Рекордот го држи Нејмар, кого ПСЖ го купи од Барселона за 222 милиони евра во летото 2017 година.