Во инфаркт завршница екипите на ЕВН и LC Waikiki ги поделија бодовите

Точка

22/05/2025

10:21

73

Големина на фонт

а а а

Еве ги резултатите од вчерашните натпревари во Бизнис Лигата на Македонија.

Во инфаркт завршница екипите на ЕВН и LC Waikiki ги поделија бодовите

ЕВН 2-2(1-1) LC Waikiki

ЕВН: Ајет Новобрдалија 19’ Бојан Клечкаровски 37’

LC Waikiki: Бесими Реџепи 8’ Есер Сулејмани 31.

Екипата на ЕВН во висок ритам го започна дуелот против екипата на LC Waikiki, тие во овој дуел влегоа со голман играч со што најавија офанзивен стил на игра. Ваквата игра на ЕВН им донесе неколку одлични шанси за погодок, но LC Waikiki одлично ја постави играта во одбраната и не дозволи лесни погодоци. Екипата на LC Waikiki успеа да искористи грешка во одбраната на ЕВН и во 8та минута од полувремето со погодокот на Реџепи успеа да поведе со 0-1. Како одминуваше времето екипата на ЕВН го подигаше темпото на игра и се почесто притискаше во предно поле ваквата игра им донесе израмнување во 19та минута од полувремето на 1-1 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме се продолжи со израмнета игра, двете екипи имаа одлични шанси за погодок но голманите денес беа на висина на задачата па мрежите мируваа. Екипата на LC Waikiki во второто полувреме прва успеа да дојде до повторно водство и поведе со 1-2, по ова водство се продолжи со цврста игра на теренот. Екипата на ЕВН успеа во завршницата на дуелот да израмни на 2-2 што ги направи последните минути од овој натпревар вистинска драма. Во ваквата завршница ниту една од екипите не успеа резултатски да се одвои па на крајот со резултат од 2-2 ги поделија бодовите.

Во супер интересен натпревар Гранит и Тиквеш ги поделија бодовите

Гранит 5-5(2-3) Тиквеш

Гранит: Николче Глигуровски 27’ Виктор Нацев 32’ Емил Никочевиќ 8’ 11’ 24’

Тиквеш: Дамјан Петревски 7’ 8’ 38’ Деко Марков 13’ Илија Пауновски 28’

Одличен почеток на екипата на Тиквеш во дуелот со Гранит, тие имаа одличен почеток и вршеа силен притисок кон голот на Гранит од самиот старт. Ваквата игра на Тиквеш им донесе рано водство од 0-2, но екипата на Гранит брзо ги консолидираше своите редови и со два погодоци во низа успеа да го израмни резултатот на 2-2. Во остатоткот од полувремето екипата на Тиквеш имаше подобра реализација па на паузата замина со минимална предност од 2-3. Во второто полувреме екипата на Гранит дојде до брзо израмнување уште во 24та минута, а само три минути подоцна дојде и до целосен резултатски пресврт и водство од 4-3. Екипата на Тиквеш беше силно мотивитана и во самата завршница успеа да дојде до повторно израмнување на 5-5 резултат со кој заврши овој натпревар.