[ВИДЕО] Скриени проблеми со роботаксито на "Tesla": Дали ова е најлошото возило што сте го виделе?

Точка

21/05/2025

22:57

656

Големина на фонт

а а а

Планот на "Tesla" за лансирање на роботакси возила во Остин се соочува со сериозни безбедносни предизвици, додека тестирањата на автономни возила без возач сè уште не се реализираат. Многу експерти, вклучувајќи го и Ден О’Дауд, веруваат дека проектот е осуден на неуспех поради небезбедна и недоволно развиена технологија.

Додека "Tesla" се подготвува за амбициозниот старт на својата роботакси услуга во Остин, Тексас, јавноста се прашува: дали навистина се подготвени за она што следи? За жал, системот за автономно возење на "Tesla" и натаму има сериозни пропусти, кои не даваат причина за оптимизам.

Според "Forbes", сериозните безбедносни проблеми со „Full Self-Driving“ (FSD) системот на "Tesla" би можеле да го поткопаат проектот уште пред да стигне до јавноста. Никој тоа не го кажал поотворено од милијардерот и долгогодишен критичар на "Tesla", Ден О’Дауд: „Проектот сигурно ќе пропадне.“

О’Дауд не е само основач на компанијата "Green Hills Software", туку и иницијатор на "The Dawn Project" – непрофитна организација која ја предупредува јавноста за опасностите од неконтролираната употреба на автономни технологии, особено оние на "Tesla".

„Возевме едно од возилата низ Санта Барбара 80 минути и се случија седум критични грешки“, изјави О’Дауд. „Без човечка интервенција, автомобилот ќе се судреше.“

Автомобилот не препозна пешак

На неодамна објавени снимки од тестирања на "Tesla" роботакси, возило со активиран "FSD" систем не успеало да препознае пешак на пешачки премин – ситуација која бараше итна реакција од возачот за да се избегне потенцијална трагедија.

Експертите предупредуваат дека овие случаи не се изолирани инциденти, туку симптом на длабоко вкоренети проблеми во алгоритмите што треба да „учат“ како да возат. „Ова е аларм од највисок ранг“, изјави поранешен инженер на "Tesla", кој инсистираше на анонимност. „Системот не е подготвен, а се работи за човечки животи.“

"Tesla" свесно ги игнорира предупредувањата од инженерите

Според протечени информации од внатрешноста на компанијата, неколку инженери на "Tesla" веќе со месеци испраќаат интерни извештаи за критични грешки во софтверот за автономно возење. Според изворите, овие извештаи биле игнорирани или намерно прикриени за да се запази рокот за лансирање на роботаксито.

„Има силен притисок од раководството сè да изгледа како успех, без разлика на последиците“, изјави еден од пријавените „свиркачи“. Доколку овие тврдења се потврдат, "Tesla" би можела да се соочи со сериозни правни и регулаторни последици.


"Tesla" роботакси полн со ризици

Не е само О’Дауд критичар плановите на Маск. Националната администрација за безбедност на сообраќајот на автопатиштата во САД (NHTSA) оваа недела побара од "Tesla" да објави податоци за "FSD" системот пред да почне комерцијалната примена на роботакси возилата.

Оваа агенција, која веќе истражува неколку безбедносни проблеми поврзани со "Tesla", изрази загриженост за потенцијалните опасности од користењето на "FSD" технологијата во реални услови.


„Сакаме да собереме дополнителни информации за технологиите што "Tesla ги развива за ’роботакси‘ возилата“, изјави Тања Топка, инспекторка за дефекти во "NHTSA". „Прашањето е како "Tesla" ќе ги тестира и евалуира овие возила за употреба на јавни патишта.“

Додека "NHTSA" ја продолжува истрагата, "Tesla" сè уште не започнала со тестирања на автономни возила без човечки возачи, што само ги засилува сомнежите околу подготвеноста на компанијата за претстојните предизвици.


Роботакси далеку од совршенство

Иако "Tesla" најавуваше револуција, реалноста покажува големи празнини во информациите. Ниту "Tesla" ниту градските власти во Остин не објавија детали за точниот распоред на новата услуга. Засега е познато само дека тест фазата ќе биде многу порестриктивна отколку што се претпоставуваше – со само 20 автономни "Model Y" возила кои ќе се движат низ ограничени делови на градот.

Со оглед на сите овие неизвесности, не би било изненадување ако Илон Маск реши да го одложи стартот на роботакси услугата. Сепак, ако нешто досега покажа неговата историја – тоа е дека нема да се откаже до последен момент, сè додека не биде целосно уверен дека ќе испише ново поглавје во историјата.