Пребарувањата скокнаа од 55% на 63%: Овие возила стануваат прв избор на германските купувачи поради страв од цените на горивото

Точка

12/03/2026

12:49

800

Големина на фонт

а а а

Растот на цените на бензинот поради војната во Иран го зголеми интересот на германските купувачи за електрични автомобили, потврдија во средата платформите „Carwow“ и „Meinauto.de“ за агенцијата „dpa“.

„Растот на цените на нафтата директно влијае врз интересот за електричните автомобили. Нашите податоци покажуваат дека од 28 февруари интересот за електрични автомобили порасна од 55 проценти на дури 63 проценти за време на викендот“, изјави Филип Зајлер фон Аменде, извршен директор на компанијата „Carwow“.

Во просек, електричните автомобили сочинуваат околу 59 проценти од пребарувањата во текот на целата недела. Фон Аменде додаде дека тоа покажува дека многу потрошувачи реагираат на растечките цени на горивото.


„Meinauto.de“ пријави значително поголем интерес за теми поврзани со поевтино возење.

„Понудите и содржините за алтернативни горива, како што се струја и „E20“ (етанол), како и водичите за потрошувачка на гориво, во моментов се гледаат значително почесто од вообичаено“, изјави портпаролот.

Додека електричните автомобили стануваат сè попопуларни, возилата со конвенционални мотори бележат благ пад на побарувачката, според компанијата „Carwow“.


„Бензинските и дизел моделите заедно сочинуваат само околу 23 проценти од сите избори и затоа се под просекот за крајот на февруари. Хибридите, од друга страна, остануваат релативно стабилни со удел од околу 15 проценти“, објасни фон Аменде.

Според податоците на „Meinauto.de“, нема општ пад на интересот за мобилност. Сепак, кога станува збор за конкретната одлука за купување, се забележува одредена претпазливост.


Одлуката за купување нов автомобил на чекање

„Во моментов забележуваме дека некои потенцијални купувачи ја одложуваат одлуката за купување нов автомобил и прво чекаат да видат како ќе се развиваат цените на енергијата и геополитичката ситуација“, нагласи портпаролот.