[ФОТО/ВИДЕО] По осум години големо враќање на Ријана во Кан: Во синиот фустан го истакна трудничкиот стомак

Точка

20/05/2025

10:34

1.325

Големина на фонт

а а а

Пејачката Ријана се појави на црвениот килим на Канскиот филмски фестивал во придружба на нејзиниот партнер АСАП Роки, а во синот фустан со изрези, го истакна нејзиниот труднички стомак.

Во петокот таа ги изненади своите обожаватели со нова песна за саундтракот на филмот „Штрумфови“, а се чини дека нејзината модно издание во Кан било инспирирано од ова остварување.



Инаку бремената пејачка пристигна на 79-от Кански филмски фестивал во понеделникот за премиерата на „Highest 2 Lowest“, во кој глуми нејзиниот партнер АСАП Роки.



Ријана блесна во фустанот со изрези, креација на брендот „Alaïa“ кој го истакна нејзиниот стомак, а изгледот го надополни со дијамантски обетки, огромен син прстен со скапоцени камења и соодветна чанта, а и покрај бременоста, носеше високи потпетици. Од друга страна АСАП Роки носеше класичен црн смокинг со широки ногавици како и очила за сонце.



Инаку во еден момент почна да врне дожд, па парот мораше да посегне по чадор за време на фотосесијата на црвениот килим.


Ова беше прво појавување на Ријана во Кан по 8 години и прво на АСАП Роки. Раперот, чие вистинско име е Раким Ателастон Мајерс, го игра Јунг Фелон во филмот на Спајк Ли заедно со Дензел Вашингтон.


Филмот е римејк на „High and Low“ на Акира Куросава, а раперот има сцени со Вашингтон. Иако тоа би предизвикало трема кај повеќето актери, но раперот за „Variety“ изјави: „Роден сум за ова“, и додаде дека тоа е остварување на неговиот сон.