Ливерпул притиска да доведе уште еден дефанзивец

Дерби

19/05/2025

15:16

291

Големина на фонт

а а а

Ливерпул имаше успешна прва сезона под водство на Арне Слот, сезона во која екипата се врати на врвот на англискиот фудбал и ја освои Премиер лигата.

Овој резултат дефинитивно дава дополнителна мотивација за уште повеќе успеси во блиска иднина, а клубот од „Енфилд Роуд“ ќе се обиде да направи терен за тоа со одредени потези на трансфер пазарот. „Црвените“ дефинитивно имаат јасен план и првата цел е да донесат нови дефанзивци, бекови, па така информациите говорат дека е завршена работата со Џереми Фримпонг од Баер Леверкузен со кого ќе потпише петгодишен договор.

Сега Ливерпул го „брка“ репрезентативецот на Унгарија и член на Борнмут, Милош Керкез. Керкез исто како и Фримпонг е познат како винг-бек со таа разлика што ја покрива целата лева страна.

Добро информираниот Фабрицио Романо пренесува дека Ливерпул веќе воспоставил контакт со Борнмут, преговорите напредуваат, а во исто време се разговара со играчот околу личните услови.

Милош има 21 година, сезонава за Борнмут одигра 39 мечеви, даде 2 гола и забележа 6 асистенции.