Закана во Севилја: Обесена кукла со порака „Јуниор, ова е твојот крај“

Макфакс

16/05/2025

11:24

149

Големина на фонт

а а а

Кукла, со кеса на главата и шал на фудбалскиот клуб Севилја е снимена како виси од мост во градот. На мостот е истакнат и транспарент на кој пишуваше: „Јуниор, ова е твојот крај“.

Шпанските медиуми го толкуваат овој потег како закана за претседателот на клубот, Хозе Марија дел Нидо Караско. Севилја ја информираше полицијата за сè, а истрагата е во тек.

Тензијата околу клубот не стивнува и покрај тоа што Севилја го обезбеди опстанокот во Ла Лига. Претседателот на клубот, Дел Нидо Караско, веќе подолго време е мета на незадоволните навивачи, кои често му викаат од трибините: „Јуниор, оди си“.

По поразот од Селта Виго минатата недела, неколку стотици навивачи на Севилја го пречекаа автобусот на тимот во тренинг кампот на клубот. Според „Марка“, цивилната гарда и националната полиција морале да интервенираат за да може тимот да влезе во комплексот.

Куршуми биле испукани од воздушен пиштол, додека навивачите возвратиле со навреди и фрлање јајца. Таа ноќ, фудбалерите на Севилја спиеја во кампот.

Севилја го осуди вандализмот. Пред неколку недели, по поразот од Атлетико Мадрид, директорот за стратегија и развој на клубот, Игнасио Наваро, беше нападнат додека го напушташе стадионот, а вчера, Федерацијата на здруженија на навивачи на Севилја, Сан Фернандо го прогласи Дел Нидо Караско и целиот негов Управен одбор за непожелни.

Севилја в недела ќе го одигра последниот меч оваа сеозна на домашен терен. На „Рамон Санчез Писхуан“ ќе гостува Реал Мадрид. Сезоната, Севилја ќе ја заврши на гостински терен кај Виљареал.