Ана де Армас за прв пат прозборе за односот со Том Круз – Долго се шпекулира за нивната врска

Точка

15/05/2025

22:31

1.458

Големина на фонт

а а а

Актерката Ана де Армас за прв пат официјално ја коментираше соработката со холивудската ѕвезда Том Круз. За време на денешното гостување во емисијата „Good Morning America“ 37-годишната актерка потврди дека работи на неколку проекти со 62-годишниот Круз.

„Дефинитивно работиме на многу нешта. Не само на еден, туку на неколку проекти со Даг Лиман, Кристофер Меквори и, секако, Том. И многу сум возбудена“, изјави Ана.


Прашањето се појави во контекст на промоцијата на нејзиниот нов филм „From the World of John Wick: Ballerina“ кога водителот Мајкл Страхан ја праша за гласините дека соработува со „уште една голема ѕвезда“ и „мајстор за каскадерски сцени“. Водителот потоа директно го спомена Круз, познат по изведување разни каскадерски движења.

Долго време се шпекулираше за нивната врска

Потсетуваме, во последно време познатите актери неколку пати беа забележани заедно во јавноста, поради што почнаа да кружат гласини за нивната врска.


На почетокот на мај, тиктокерката „@newgirl445“ ги сними во текот на опуштена прошетка низ Лондон на 37-миот роденден на Ана.

Биле заедно на роденденот на Бекам?

Круз беше и еден од гостите на роденденската забава на Дејвид Бекам, која се одржа во Лондон, а Де Армас наводно била со него. Имено тој беше снимен како ја напушта забавата, додека Де Армас наводно се криела зад чадор што го држеле телохранителите.



Тие првпат беа фотографирани заедно околу Денот на вљубените во лондонскиот Сохо, каде што шетаа заедно. Гласините повторно се разгореа кон средината на март, кога беа забележани на хелиодром во Лондон, а наводно и режисерот Даг Лиман бил со нив.



Инаку во последно време Ана се поврзуваше и со трето лице – Мануел Анида Куеста, посинокот на кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел Бермудез, кој е првиот лидер по браќата Кастро кој истовремено ја предводи и државата и Комунистичката партија на Куба.