Принцот Вилијам се подготвува за денот кога ќе стане крал на Обединетото Кралство, а очигледно е дека подготовките за неговото идно крунисување веќе се во тек.
Сепак, едно лице сигурно нема да се најде на листата на поканети – неговиот брат, принцот Хари, со кого до пред неколку години беа неразделни, пренесува "The Cosmopolitan".
Иако кралот Чарлс Трети го покани својот помлад син Хари на сопственото крунисување, и покрај тогашните силни тензии, принцот Вилијам не планира да ја подаде раката за помирување. Особено не по неодамнешниот интервју на принцот Хари за "BBC".
„Мислам дека е готово. Не верувам дека има враќање по ова“, вели извор близок до кралското семејство, кој тврди дека има информации од најтесниот круг на Вилијам.
William does not play 😨
— ♱ ⚜️🐝 𝔐𝔬𝔫𝔰𝔦𝔢𝔲𝔯 𝔈𝔰𝔠𝔞𝔫𝔬 (@Aescano) May 14, 2025
Prince William Reportedly Plans to Ban Prince Harry from His Coronation - Cosmopolitan https://t.co/WsrWkzQXWS
„Пред интервјуто мислевме: ’Ајде, Вилијам, подај му рака на брат ти.‘ Но, сега изгледа дека Хари ништо не научил“, вели истиот извор.
Експертот за кралски прашања Хуго Викерс вели дека „теоретски“ Вилијам би требало да го покани Хари на крунисувањето:
„Но, реално, може да направи што сака. Тоа не е нешто запишано во камен. Војводата од Виндзор, на пример, не беше поканет на крунисувањето на неговата внука, кралицата Елизабета Втора, во 1953 година. И тогаш имаше многу расправии околу тоа.“
Во меѓувреме, анонимен извор вели дека Вилијам нема да ги одземе титулите на Хари и неговата сопруга Меган Маркл, иако долго се шпекулираше дека тоа би можел да го направи. Викерс го потврдува тоа и објаснува:
„Знаеме дека Вилијам знае да биде немилосрден. Но, нема да ги одземе титулите на Хари и Меган затоа што тоа би изгледало како одмазда.“
Во срцето на овој семеен раздор, принцот Хари сепак изгледа дека сè уште се надева на смирување, изјавувајќи за "BBC":
„Би сакал да се смирам со моето семејство. Нема смисла да продолжи борбата – животот е премногу драгоцен.“