Првата полуфинална евровизиска вечер предизвика бројни реакции, по обичај има и воодушевени, но и кои очекуваа малку повеќе.
Евровизиските фанови со нетрпение ја очекуваат втората полуфинална вечер, која ќе донесе нови возбудувања.
Вниманието на јавноста е особено насочено кон претставничката на Финска. Финската претставничка, 32-годишната Ерика Викман има необична песна, но и настап кој долго време предизвикува различни реакции.
Иако тврди дека нејзиниот настап ја слави женската сексуалност, организаторите ја замолија малку да го „ублажи“.
„Ich komme“ го комбинира финското диско и електронската музика, а според нејзините зборови ја слави пораката за уживање, екстаза и состојба на транс, сексуалното задоволство и оргазмот.
И приватниот живот не ѝ е помалку бурен. Како што се наведува, Ерика пред неколку години потврдила дека е бисексуалка, а во својата биографија има и врски со постари мажи.
Токму една „скандалозна“ врска ја инспирирала да ја истражи својата сексуалност. Од 2016 до 2020 година, таа била во врска со 51 година постариот фински пејач Илк Јоханес Липсанен, познат и како Дани.
Одреден период живееле заедно, а по раскинувањето, Ерика открила дека е бисексуалка - по што се јавиле и шпекулации за неверство.
Откако раскинале, Дани брзо си нашол нова девојка, уште помлада од Виман.