Српскиот претставник на Евровизија 2025, Стефан Здравковиќ, познат како Принц од Врање, вечерва ќе настапи во втората полуфинална вечер, во која ќе се обиде да се пласира во финалето со песната „Мила“.
Меѓутоа тој одговарал на новинарските прашања пред настапот, а снимката на која тој течно зборува норвешки јазик со норвешкиот новинар стана вирална на социјалните мрежи.
Имено одговорот на Србинот го збунил новинарот, кој го прашал каде научил толку добро да зборува норвешки.
Студирал норвешки јазик
„На факултетот во Белград“, одговорил Принц и објасни дека студирал норвешки јазик и скандинавски студии на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Белград. Музичарот, исто така, неколку години и предавал норвешки јазик и иако никогаш не работел во Норвешка, течно го зборува јазикот.
Со неговото познавање на норвешкиот јазик, Стефан ги импресионираше Норвежаните кои во коментарите потврдија дека тој течно зборува.
Инаку, српскиот претставник се наоѓа на 28-мо место на обложувалниците што го предвидуваат победникот на Евровизија.