Болоња го слави првиот трофеј по пауза од 51 година и доживува емоции за какви не знае повеќе од половина век, пред се благодарение на дисциплинираното и херојско издание кое го имаа избраниците на Винченцо Италијано во големото финале против Милан.
Популарните „Рособлу“ го осовија трофејот во Копа Италија благодарение на минималната победа од 1:0, па иако никој нема да се сеќава на фудбалот кој беше прикажан на завршниот меч во Рим, легендарниот Фабио Капело не пропушти да го нагласи ужасниот квалитет на финалето кое вчера се одигра на „Олимпико“.
– Болоња го заслужи освоениот трофеј, но натпреварот во Рома беше лоша реклама за италијанскиот фудбал. Треба да бидеме најискрени и да го кажеме тоа.
– Не ми се допадна натпреварот, играчите на Болоња најдоа победа благодарение на Ендоје, но тие многу повеќе ме забавуваа во други делови од оваа сезона.
– Болоња постигна гол без да направи многу, а потоа се предодреди да ја брани предноста. Од друга страна, Милан не направи ништо, чиста „нула“. Со исклучок на неколку идеи на Леао и една шанса на Јовиќ, Милан не направи ништо во финалето и заслужено остана без титулата, – порачува Капело.