Зверев испушти голема преднсот, па распали по играта на противникот: Зависи од грешките на ривалите

Дерби

15/05/2025

12:54

194

Големина на фонт

а а а

Александар Зверев беше елиминиран во четвртфиналето во Рим и остана без шанса да ја брани титулата во Форо Италико, но начинот на кој испушти предност во првиот сет направи Германецот да чувствува голема нервоза и по крајот на мечот.

Лоренцо Музети се врати од неверојатна негатива во ситуација кога Зверев водеше со 6:5 и 40:0 на свој сервис, па откако го доби 12-от гејм и израмни на 6:6, потоа издоминира во тајбрејкот со 7:1.

Ова му даде поттик на Италијанецот да игра уште поцврсто и посамоуверено во продолжение, а откако го доби и вториот сет со 6:4, еуфорично ја славеше победата пред домашните фанови.

За разлика од него, Зверев се покажа како доста лош губитник во дадената ситуација, па ланскиот освојувач на Мастерсот во Рим даде низа непотребни изјави по поразот.

– Музети секогаш игра исто, без разлика дали е земја или тврда подлога. Многу работи зависат од неговата одбрана, секогаш зависи од грешките на противникот. За мене беше тешко да пронајдам победнички удари, немав доволно винери бидејќи се играше бавно, – изјави Зверев, кој во продолжение се побуни и за топчињата кои се користеле во Рим.

– Топките беа многу тешки и големи и тоа е вистинска шега. Зборувам на оваа тема со години, но ништо не се менува. Игравме со исти топчиња во Монако, Мадрид и Минхен, а сега доаѓаме во Рим и се игра со сосема поинакви топчиња. Со овие топчиња многу тешко се доаѓа до винери, а тоа им дава предност на играчи како Музети, – изјави Зверев.