Мафео мислеше дека се одбрани од последниот напад и ги исмеваше фановите на Реал, па следеше шок за бекот на Мајорка

Дерби

15/05/2025

12:52

265

Големина на фонт

а а а

Пабло Мафео стана многу популарен во јавнсота поради жестоките битки кои ги води со Винисиус Жуниор во последните неколку сезони, па иако вчера го немаше Бразилецот за свој противник, десниот бек на Мајорка повторно се најде во центарот на вниманието.

Реал по деветти пат во низа ја победи Мајорка на домашен терен, а пред да се случи тоа, на теренот имаше и една ситуација која сега е вирална на социјалните мрежи.

Гостите од Мајорка се бранеа со сите сили во својот шеснаесетник и се чинеше дека го одбија последниот напад на „кралевите“, а тоа го натера Мафеа да им се потсмева во лице на фановите на Реал, нешто што му се удри од глава неколку секунди подоцна.

Иако опасноста беше расчистена во прв момент, топката се врати во шеснаесетникот и Хакобо успеа да постигне гол за 2:1, погодок кој донесе победа за Реал, односно очај на лицето на Мафео.

Оваа ситуација ни покажа дека во фудбалот ништо не е готово до последниот судиски свиреж, но не потсети и на добро познатата поговорка „кој последен се смее – најслатко се смее“…