Сколс со тип за финалето во Билбао: Веќе имам замислено што ќе се случи

Дерби

15/05/2025

11:55

228

Големина на фонт

а а а

Гери Невил е прилично убеден дека Тотенхем ќе оствари четврта победа во низа против Манчестер Јунајтед и дека ќе ја освои титулата во Лига Европа, од едноставна причина што според него секој играч во стартната постава на „петлите“ е подобар од оние со кои располага Рубен Аморим, со исклучок на капитенот Бруно Фернандеш.

Легендарниот десен бек верува дека ужасната сезона ќе биде затворена со пораз во финалето во Билбао кое се игра наредната среда, но сосема поинаков став и Пол Сколс, кој верува дека историјата и традицијата на Јунајтед сепак ќе дојдат до израз во клучните моменти.

– Не гледам некои логични причини за победа на Јунајтед, но верувам во тоа поради искуството, историјата и традицијата. Погледнете го примерот на Реал Мадрид во последните пет години во Европа.

– Не го играа најдобриот фудбал и немаа најдобар тим, но историјата си го направи своето. Ако гледаме реално, Тотенхем би требало да не победи, не победија на последните три натпревари, но на крајот ќе победиме ние.

– Можеби Тотенхем ќе биде подобар тим за око, но на крајот ќе победиме ние. Оваа сезона во Европа цело време пронаоѓавме добри 10 или 15 минути во кои ги добивавме натпреварите, веќе замислувам како се случува тоа и во финалето, – изјави Сколс.