Романец ќе го суди финалето во Лигата на шампионите

Макфакс

15/05/2025

11:54

138

Големина на фонт

а а а

Интер и Пари Сен Жермен, на 31 мај се борат за највредниот трофеј во клупскиот фудбал, на „Алијанц Арена“ во Минхен.

УЕФА потврди дека главен судија во финалниот натпревар, во Лигата на шампионите, ќе биде Романецот, Иштван Ковач.

Негови помошници ќе бидат сонародниците Михај Марица и Ференц Туњоги, додека Португалецот Жоао Педро Силва Пинеиро е назначен за четврти арбитар. Резервен судија ќе биде Португалецот, Бруно Мигел Алвес Хесус.

УЕФА одлучи дека Холанѓанецот Денис Јохан Хиглер и Каталин Сорин Попа од Романија ќе бидат во ВАР собата, а нив ќе ги поддржува Холанѓанецот Паулус ван Бекел.

Ковач има унгарски и германски корени, а по професија е наставник по физичко образование во романско училиште.

Иштван Ковач беше четвртиот судија во финалето на Лигата на шампионите во 2023 година кога Манчестер сити го победи Интер (1:0), и беше главен судија во финалето на Лига Европа во 2024 година во кое Аталанта ја прекина серијата без пораз на Баер Леверкузен во Даблин (3:0).

Финалниот натпревар во најголемиот град на Баварија ќе се игра на последниот ден од мај во 21:00 часот.