Мбапе со фантастичен гол урна рекорд стар 70 години

Дерби

15/05/2025

11:27

267

Големина на фонт

а а а

Килијан Мбапе почна да урива низа рекорди уште во својата прва сезона како играч на Реал Мадрид, а откако во минатата рунда го урна дотигнувањето на Иван Заморано по бројот на вкупно постигнати голови во една кампања, сега подобри еден историски рекорд кој беше недопирлив повеќе од 70 години.

Французинот вчера постигна гол за 1:1 во победата на Реал над Мајорка со резултат 2:1, но снаодливоста која ја прикажа во дадената ситуација му носи уште еден импресивен податок.

До вчера, Мбапе беше израмнет со неповторливиот Алфредо Ди Стефано како двајца најдобри голгетери во домашното првенство во своите први сезони, но сега Килијан отиде едно скалило погоре.

Со 28-от гол во својата прва сезона во Ла Лига, Мбапе го остави незаборавниот Ди Стефано на второт место со 27 погодоци, па со тоа само потврди дека има сензационална прва сезона во Реал, иако на почетокот многумина сакаа да го наречат и „разочарување на сезоната“.

Севкупно гледано, вчерашниот гол беше 40-ти за Мбапе во дресот на Реал Мадрид, па повеќе од јасно е дека убедливо најдобар играч на „кралскиот клуб“ во последните неколку месеци.