Реал Мадрид беше десеткуван против Мајорка и голем дел од првотимците не му стоеја на располагање на Карло Анчелоти, па „кралевите“ играа со досега невидена стартна постава во ерата на Карло Анчелоти.
Поради десетина отсуства, Италијанецот беше приморан да ги измеша картите и да се потпре на сили од младинскиот тим, а иако условите и противникот ги усложнија работите, Реал на крајот стигна до драматична победа во 95-та минута.
Со освоените три бода, Реал не дозволи Барселона да стане шампион уште вчеравечер, но Анчелоти смета дека тоа е за голем поздрав со оглед на тоа што тимот не се откажа до последната секунда.
„Кралевите“ играа фудбалска викторија и испратија 40 удари кон голот на Мајорка, а извонредниот Лео Роман имаше дури 10 успешни интервенции.
– Ние како тим нема да подариме ништо и ќе се бориме до крај, така беше и на овој натпревар. Не ги спуштаме главите и кога имаме 12 повредени фудбалери, тоа што ни се случува е навистина чудно. И покрај толку отсуства, покажавме колективен квалитет. Да бидам искрен, никогаш немав видено нешто слично, никогаш немав видено еден тим да испрати 40 удари кон противничкиот гол.
– Ние се гледаме себеси и ја завршивме нашата работа. Ќе гледаме да победиме на сите натпревари до крај, а јасно е дека Барселона ќе треба да губи. Сепак, во фудбалот се може да се случи. Ќе се бориме се додека има шанса, – изјави Карло.