Винченцо Италијано конечно дочека моменти на слава по три болни порази како тренер на Фиорентина, бидејќи вчера ја предводеше Болоња до иториска титула во Копа Италија, трофеј кој е прв за клубот од регионот Емилија Ромања по пауза од 51 година.
Италијано претрпе три порази во три финалиња како тренер на Фиорентина во изминатите две години, но очигледно требаше да стане тренер на Болоња за да се израдува на својот прв голем успех во кариерата.
Популарните „Рособлу“ го победија Милан во големото финале на „Олимпико“ со резултат 1:0, па освоениот трофеј Италијано им го посвети на навивачите кои чекаат вакво нешто повеќе од половина век.
– После неколку разочарувања, мислам дека заслуживме вакво нешто, особено поради добриот натпревар кој го одигравме. Перформансите беа перфектни, добро знаевме како ќе игра Милан во второто полувреме и одговоривме на најдобар начин.
– Оваа неверојатна година ја затвораме со освоен трофеј и истата оди за фановите. Овие извонредни фанови заслужуваат да се радуваат. Доживеав три големи разочарувања во финалињата, а дад бидам искрен, не верував дека во првата сезона во Болоња повторно ќе бидам дел од ново финале. Така требало да биде, сега јас сум тој кој се радува. Оваа победа им ја посветувам на навивачите и на играчите кои се неверојатни, – изјави Италијано.