Разочараниот Мичел за елиминацијата на Кливленд: Не можам да поверувам…

Дерби

14/05/2025

14:10

393

Големина на фонт

а а а

Кливленд утринава доживеа и трет пораз од Индијана на домашен терен и многу лесно доживеа елиминација во НБА плејофот.

Најдобрата екипа на Истокот во регуларниот дел од сезоната не успеа да го помине второто коло, а првата ѕвезда Донован Мичел не можел да си дојде при себе од разочарувачката реалност по поразот со 4:1 во серијата.

– Навистина не можам да поверувам, не сакам да поверувам во она што се случи.

– Обожувам да играм во оваа арена, но ние загубивме три натпревари пред оваа фантастична публика и го изневеривме цел град.

– Сега останува да извлечеме поуки и иако сите ќе не отпишуваат и следната сезона, ќе се вратиме и ќе се оддолжиме за она што не го направивме годинава, – рекол Мичел.

Кливленд стана само четврти тим во историјата на НБА, кој не го поминал второто коло на плејофот, иако претходно имал барем 64 победи во текот на сезоната.