Французите ќе го менуваат форматот, причина е доминацијата на ПСЖ

Дерби

14/05/2025

13:52

443

Големина на фонт

а а а

ПСЖ и годинава лесно и рутински ја освои титулата во француското првенство, па последните неколку кола ги одмара најдобрите играчи во пресрет на финалето на Купот, а потоа и уште поважното финале во Лигата на шампионите.

Одговорните во француската Лига 1 не се најзадоволни од ваквата доминација на клубот од метрополата, па веќе почнале да размислуваат за промена на форматот.

ПСЖ освои 11 титули во последните 13 сезони, па раководството на лигата смета дека поголеми шанси тоа да се промени би имало со плејоф завршница.

Според „Лекип“, идејата е да има полуфинални средби на екипите од првото до четвртото место на табелата, а победниците да играат финале на неутрален терен.

Последен клуб кој успеа да му украде титула на ПСЖ беше Лил во 2021 година.