Во последните неколку месеци, серија киднапирања и обиди за киднапирања беа насочени кон истакнати личности од светот на криптовалутите. Жена, за која се вели дека е ќерка на францускиот коосновач и извршен директор на компанијата за трговија со криптовалути „Пејмиум“, утрово избегала од киднапирање во Париз со помош на случаен минувач, објави „Еуроњуз“.
Според францускиот весник „Ле Паризиен“, жената шетала со својот партнер и нивното мало дете кога била нападната на улицата околу 8 часот наутро. Француските медиуми објавија дека нејзиниот партнер успеал да ги оттргне маскираните напаѓачи кои се обиделе насилно да ја внесат жената во бело комбе.
Видеото од нападот, кое беше споделено на интернет, исто така покажува минувачи како и помагаат на двојката. Еден од минувачите го зел пиштолот што напаѓачот го фрлилна земја и го насочил кон нив, додека друг фрлил црвен противпожарен апарат во правец на маскираните мажи. Откако не успеале во обидот за киднапирање, напаѓачите избегале со возило.
🚨🇫🇷 ALERTE INFO | La fille d’un dirigeant d’une société de cryptomonnaie, accompagnée de son enfant de 2 ans, a échappé de peu à une tentative D’ENLÈVEMENT ce matin en plein Paris. (Le Parisien) pic.twitter.com/RyJJl0wJW5
— Cerfia (@CerfiaFR) May 13, 2025
Во последните месеци, низ Франција и Европа има сè поголем број случаи во кои шефовите на криптовалутите и нивните семејства биле киднапирани или избегале од обиди за киднапирање.
На почетокот на мај, таткото на шефот на криптовалути помина три дена во заробеништво откако беше киднапиран додека го шеташе своето куче во Париз. Неговите киднапери побарале откуп од повеќе милиони долари за неговото ослободување и му испратиле на неговиот син видео од сечењето на неговиот прст, објави Франсинфо.
Во меѓувреме, во јануари, Дејвид Баланд, 36-годишниот коосновач на француската крипто компанија „Леџер“, и неговиот партнер беа киднапирани од нивниот дом во малата општина Меро, која се наоѓа во централно-северна Франција.