[ВИДЕО] 12 години затвор за Васил Јованов кој ја усмрти Кулакова на пешачки премин: „Судот – мафија!“ - извика таткото на Фросина по пресудата

Макфакс

13/05/2025

10:48

2.978

Големина на фонт

а а а

Судот изрече 12 години затворска казна за 20-годишниот Васил Јованов, кој смртно ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин.

Јованов претходно призна вина за сообраќајката што се случи во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Според обвинението, тој на 29 јануари без возачка дозвола управувал возило со брзина од 91 километри на час, под дејство на алкохол. На пешачки премин на црвено светло удрил во Фросина Кулакова, која поминувала на зелено светло. Кулакова од силината на ударот починала на лице место.

„Судот – мафија“ извика таткото на Фросина, Тодор Кулаков, по изрекувањето на пресудата за Васил Јованов.