Винисиус ја искористи елиминацијата на Барса во ЛШ за „Ел Класико“ провокација на теренот

Дерби

13/05/2025

11:54

211

Големина на фонт

а а а

Винисиус Жуниор е познат по тоа што знае да влезе во конфронтации со противничките навивачи и ривалите на теренот за време на еден фудбалски натпревари, но тоа посебно стана пракса кога игра против Барселона.

Бразилскиот фудбалер е мета на фановите речиси на секој натпревар кога Реал игра на гостински терен, но поради стилот на игра и неговото однесување, Вини често знае да влезе во провокативни комуникации со своите колеги од противничкиот табор.

Таква сцена ни доаѓа и од последното „Ел Класико“, на кое Винисиус се сладел на последната елиминација која ја доживеа Барселона во Лигата на шампиони.

Ињиго Мартинез во еден момент му забележува на Винисиус што беспотребно се фрла по еден дуел, по што Винисиус реши да возвраќа со провокација поврзана со Лигата на шампиони.

– Ја сакаше титулата во Лига на шампиони, но на крајот нема да ја имаш, на крајот нема да ја имате…, – порачува Винисиус.