УФЦ шампионот за првпат проговори откако прегазил тинејџерка, која починала од здобиените повреди: „Срцето ми е скршено“

Точка

03/05/2025

14:29

1.427

Големина на фонт

а а а

Познатиот УФЦ борец и поранешен шампион во тешка категорија, Франсис Нгану, за првпат проговори по сообраќајната несреќа во која учествувал, а во која загинала тинејџерка.

Ужасната несреќа се случила во камерунската престолнина Јаунде за време на велигденскиот викенд, а Нгану за првпат се огласи, велејќи дека цело време бил со семејството на 17-годишната жртва.

„Бев со семејството од самиот почеток, нудејќи им поддршка, утеха и најдлабоко сочувство во текот на овој период. Се сретнав со нив приватно за да ја споделам нивната тага и ќе продолжам да бидам покрај нив на секој чекор од патот. Ја носам нивната болка со мене, а моите мисли и поддршка остануваат со нив додека се справуваат со оваа загуба која на сите нѝ ги скрши срцата“, рече Нгану.

Според извештаите, Нгану возел мотоцикл низ квартот Омниспортс во Јаунде кога ја удрил 17-годишната девојка по име Мануела Брижит Нтсама.


Нгану веднаш реагирал, ја однел во болница и платил за нејзиното лекување, но таа подоцна починала како резултат на тешките повреди, а камерунските власти сè уште го истражуваат инцидентот.


Инаку Нгану е роден во Камерун каде што израснал, но пристигнал во Европа за да ја продолжи професионалната боксерска кариера. Подоцна почнал да тренира ММА, а своето деби во УФЦ го остварил во 2015 година.


Тој стана УФЦ шампион во тешка категорија на во 2021 година, но потоа ја напушти организацијата по долгогодишен спор околу договорот. Исто така стана и професионален боксер, а во 2023 година се бореше против Тајсон Фјури, но загуби со поделена одлука на судиите.