Јонас Гутиерез (41) ја заврши својата фудбалска кариера во 2021 година. Тој настапувал за бројни аргентински клубови, како и Мајорка и Депортиво во Шпанија и Њукасл и Норич во Англија.
Своите најдобри фудбалски денови ги поминал во Њукасл помеѓу 2008 и 2015 година.
Како играч од средниот ред, Гутиерез настапил на 22 натпревари за аргентинската репрезентација, а за која одиграл повеќе од два натпревари на Светското првенство во 2010 година.
Четири години откако престанал да игра професионален фудбал, тој објави видео на Инстаграм на кое свири гитара во центарот на Њукасл, градот каде што играл седум години, а одиграл 205 натпревари и постигнал 12 голови, но и станал миленик на навивачите. Во последниот настап за клубот, со постигнатиот гол тој му помогнал на Њукасл да го обезбеди своето место во Премиер лигата во сезоната 2014/2015.
Подоцна Њукасл го раскина договорот со него, а Гутиерез сè уште го обожува градот.
„Мојот град, мојот дом. Јас сум Џорди (прекар за навивачите на Њукасл). Го сакам овој град, ги сакам овие луѓе. Њукасл, ти благодарам за сè. Мојот сон се оствари, свирам гитара кај споменикот“, напиша поранешниот аргентински фудбалер.
Инаку на Гутиерез му бил дијагностициран рак на тестисите во 2012 година. По третманот што вклучувал отстранување на еден тестис, тој целосно закрепнал и му се вратил на фудбалот. Исто така во април 2016 година, тој го добил судски спор против Њукасл за дискриминација врз основа на болест.
Гутиерез тврдел дека клубот намерно не го вклучил во составот по неговото враќање закрепнување од болеста, со цел да избегне исполнување на договорна клаузула за бројот на настапи, пренесе „The Sun“.