[ФОТО] Кога „Шанел“ ќе ве повика, веднаш доаѓате: Актерката се појави на ревија на луксузниот бренд и ги маѓепса сите

Точка

02/05/2025

10:00

2.085

Големина на фонт

а а а

Популарната модна куќа „Шанел“ одржа ревија во луксузната вила Д’Есте на крајбрежјето на езерото Комо.

На модната ревија присуствувале претставници од Холивуд и модната елита, меѓу кои биле и Маргарет Коли, Лупита Нјого, Нана Комац и многу други.


Меѓу внимателно избраните гости се нашла и Кира Најтли, долгогодишна муза на брендот и глобална амбасадорка на престижната модна куќа.

Кира го привлекла вниманието со макси фустан од колекцијата на „Шанел“ 2025 година, креација која истовремено делува и скромно и заводливо. Фустанот со долги ракави, широки ракави, бисерен појас и широк А-крој совршено ја споила класичната силуета со свежи, младешки детали.


Црните панделки биле поставени во пределот на градите и рамениците, внесувајќи доза разиграност во комбинацијата.

Овој фустан од 50 нијанси скромност актерката го искомбинирала со тенки, црни очила за сонце кои совршено се вклопиле со нејзината фризура.

Природната шминка дополнително ги нагласила прекрасните црти на лицето на актерката.


Ви се допаѓа ли оваа модна комбинација на Кира Најтли?