НБА лудило во Индијанаполис: Халибартон го исфрли Милвоки, Јанис влезе во клинч со неговиот татко!

Дерби

30/04/2025

10:52

269

Големина на фонт

а а а

Милвоки пропушти огромна шанса да ја продолжи серијата против Индијана Пејсерс и рано утрово загуби на болен начин во Индијанаполис, сценарио кое донесе и немили сцени и непристојни провокации на теренот.

Бакси беа далеку подобри на отворањето на мечот и поведоа со 20 поени разлика на стартот на втората четвртина (13:33), па иако изгледаше дека се решени во намерата да намалат на 3:2, во продолжение имаа навистина тежок работен ден на теренот.

Индијана успеа да ја стопи предноста и да се избори за продолжение, а во дополнителните пет минути игра, одново гледавме пресврт на домаќините.

Милвоки водеше со „плус“ седум, но Индијана направи серија од 8:0 во завршницата и на крајот победи со 119:118 за ерупција од радост во салата, но и провокации на теренот.

Тајрис Халибартон беше јунак со поените за победа, но неговиот татко постапи крајно некоректно и уличарски, провоцирајќи го Јанис Адетокумбо со обележја на Индијана во своите раце.

Ваквиот потег на Халибартон Сениор не го воодушеви Јанис, кој иако во прв момент остана мирен, во продолжение влезе во клинч со таткото на својот ривал и мораше да биде одвојуван за да не дојде до посериозен инцидент.

Халибартон со 26 поени го заврши мечот како најдобар поентер во победничкиот тим, додека за Јанис залудни беа 30 поени, 20 скокови и 13 асистенции.