Лацио вчера долго имаше негатива од два гола на дуелот со Парма, но ветеренот Педро успеа да му спаси барем бод на римскиот клуб, кој се бори за место кое води во Лигата на шампионите.
Шпанецот постигна два гола во завршницата за конечни 2:2, па заслужено и очекувано заработи комплименти од фановите, медиумите и своите соиграчи.
Дефанзивецот Алесио Ромањоли по натпреварот истакнал дека му се воодушевува на Педро, но неговиот тим мора да покаже повеќе ако сака да влезе во Топ 4 зоната.
– Денеска можеме само да му се заблагодариме на Педро. Тој е феномен и успеа да не извлече од пораз, но ако сакаме да играме во Лигата на шампионите мора да покажеме повеќе, посебно што останаа уште само неколку натпревари.
– Нашата цел е Лигата на шампионите и не смееме да правиме вакви грешки, да примиме два гола и потоа да се бориме за избегнување пораз, – рекол Ромањоли.