Анчелоти ќе го води Бразил веќе на натпреварите во јуни

Дерби

29/04/2025

11:55

272

Големина на фонт

а а а

Карло Анчелоти наскоро би требало да биде потврден како нов бразилски селектор, а одговорните во јужноамериканската земја очекуваат да ја преземе функцијата уште во јуни, – пренесуваат медиумите.

Уште вчера беше објавено дека Италијанецот ќе ја заврши својата актуелна соработка со Реал Мадрид и конечно ќе го потпише договорот со Бразилската фудбалска конфедерација, за кој се шпекулира одамна, а своето деби треба да го има за нешто повеќе од еден месец.

Извори на „ЕСПН“ од конфедерацијата тврдат дека Анчелоти ќе биде на клупата на Бразил во јунските квалификациски натпревари, додека истовремено искусниот стручњак веќе испратил порака до идните претпоставени да ги почнат подготовките за неговото пристигнување и почеток со работа во јужноамериканската земја.

Во Бразилската фудбалска конфедерација очекуваат Анчелоти да пристигне во Рио де Жанеиро на 26. мај, односно два дена по последниот настап на Реал Мадрид во Ла Лига, по што ќе има и официјална промоција пред медиумите.

Анчелоти освои многу трофеи со Реал, но актуелната сезона не ги исполни очекувањата, па се појасно е дека ќе замине една година пред истекот на договорот.