Еве ги резултатите од вчерашните натпревари во Бизнис Лигата на Македонија.
Савевски со хет-трик ја водеше Нетцетера до победа над Гранит
Гранит 3-5(2-3) Нетцетера
Гранит: Виктор Нацев 8”, Димитар Илиевски 12”, Ненад Антовски 39”
Нетцетера: Михаил Теговски 2”, Филип Савевски 7” 9” 22”, Мирослав Радиќ 40”
Крајно неизвесно прво полувреме одиграа екипите на Гранит и Нетцетера. Прва до водство дојде екипата на Нетцетера во 2” преку Теговски кој со маестрален гол му донесе предност на својот тим од 0-1. Неколку минути подоцна во 7” се приклучи и Савевски кој и донесе водство на Нетцетера од 0-2. Во тие моменти проработе нападот на Гранит и со два гола во низа во реализација на дуото Нацев- Илиевски, Гранит успеа да намали на 2-3, резултат со кој се отде на полувремето.
И двете екипи во второто полувреме играа цврста одбрана со што успеаа успешно да ги затворат приодите кон голот. Екипта на Нетцетера поведе со 2-4 преку Савевски на кој ова му беше трет гол за хет-трик, но екипата на Гранит успеа да влезе во неизвесна завршница со голот на Антовски со кој Гранит дојде до само еден гол негатива. Во тие моменти Радиќ кај Нетцетера стави точка на овој натпревар кој Нетцетера го доби со 3-5.
Во брз и отворен фудбал Аптив славеше над Стопанска Банка
Стопанска Банка 6-11(4-6) Аптив
Стопанска Банка: Владимир Стојчевски 5”, Дарко Симјановски 6” 38”, Дејан Дековски 20”, Марко Ташков 20”, Дејан Ангеловски 40”
Аптив: Љубиша Кузмановски 2”, Марио Настевски 6” 7” 14” 27”, Стефан Петрушевски 13” 36”, Александар Марковски 16” 23” 31”, Владимир Јовановски 34”,
Крајно неизвесно пров полувреме одиграа екипите на Стопанска Банка и Аптив. И на двете страни се играше отворен фудбал. Екипите преку цврста одбрана и брзи контра напади успеваа да дојдат до отоврени шанси за гол. И двете екипи најизменично се менуваа во водството се до 13” кога екипта на Аптив успеа со неколку голови во низа да стекне резултатска предност и дојде до водство на полувремето од 4-6.
Во второто полувреме екипата на Аптив влезе во посакуваниот ритам и од минута во минута го зголемуваше водството. Стопанска Банка со чести измени и цврста одбрана се обидуваше да фати резултатски преиклучок, но Аптив не дозволи изненадување и рутинирано го приведе кон крај овој натпревар кој го доби со резултат од 6-11.
С.Ц. Борис Трајковски со одлично пров полувреме до победа над А1
A1 0-2(0-2) С.Ц. Борис Трајковски
С.Ц. Борис Трајковски: Александар Василевски 9”, Горан Андоновски 16”
Крајно цврст и незивесен натпревар одиграа екипите на А1 и С.Ц. Борис Трајковски. И двете екипи во овој натпревар целосно беа посветени на одбраната. Се играше цврста одбрана на двете страни. Одбранбените играчи одлично го покриваа противникот, не давајќи му простор да дојде до изгледна шанса за гол. Во 9” Василевски кај С.Ц. Борис Трајковски со маестрален гол го надмудри голманот на А1 и успеа да му донесе водство на својот тим од 1-0. Во завршницата од првото полувреме преку контра напад Андоновски постигна погодок за водство на С.Ц. Борис Трајковски од 0-2, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме и двете екипи се обидуваа да дојдат до отворена шанса за гол, но голманите и одбраната на двете страни беа на ниво на задачата, па мрежите мируваа во текот на целото полувреме.