Арсенал игра со се поголема самодоверба како што се ближи крајот на сезоната, а растеретени од притисок после огромната победа над Реал Мадрид, избраниците на Микел Артета започнаа одлично и на гостувањето кај Ипсвич.
„Топчииите“ имаат два гола позитива и играч повеќе на теренот по 45 минути игра, но дефинитивно највреден момент за одбележување е оној од 29-та минута.
По почетниот гол на Тросар за водство од 0:1, Арсенал изведе акција од соништата во пет потези, а посебно брилијантни беа последните три допири со топката.
Букајо Сака направи продор во свој стил и сврте топка во шеснаесетникот, Микел Мерино изведе магија и ја проследи топката со пета, а осамен во петерецот остана Мартинели кој погоди за 0:2.
Набрзо по вториот гол на гостите, Дејвис заработи директен црвен картон и Ипсвич до крајот на мечот играше со 10 фудбалери на теренот.
Голот погледнете го ТУКА.