Вилата на Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер вредна 3,5 милиони евра – се отселија од Чикаго и заминаа во село: Во дворот има тениски терен

Точка

22/04/2025

21:04

6.509

Големина на фонт

а а а

Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ и нејзиниот сопруг, фудбалската легенда Бастијан Швајнштајгер, пред неколку години се отселија од Чикаго и се преселија во вила во селото Вестендорф, во Австрија.

Ана и Бастијан повеќепати истакнаа дека им годи животот далеку од урбаната врева, а Вестендорф е мирно место со само 3.500 жители.

Нивната вила се простира на повеќе од 400 квадратни метри, а според медиумски информации, вреди околу 3,5 милиони евра.

Куќата е опкружена со големо, зелено двориште, а во него има и тениски и фудбалски терен.

Внатрешноста на домот е уредена според вкусот на Ана, која лично го одбрала целиот мебел и деталите – сè е во светли тонови: бела, беж и сива. Ана повремено споделува фотографии од кујната, каде што сака да експериментира со рецепти и да готви за своето семејство.

Да потсетиме, германските медиуми неодамна шпекулираа за можен развод помеѓу Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер, но двојката сè уште не се огласила по тој повод.

По тој повод, екипата на емисијата „Сцена“ на "Блиц ТВ" го посети крајот во Белград каде што Ана и Бастијан престојуваат кога се во српската престолнина. Нивните соседи имаат само убави зборови за двојката.


„За нашата Ана, националната гордост, мислам само најубаво. Слушнав дека има стан некаде во околината, но за жал не сум ја сретнала, а многу би сакала. Прекрасна мајка, прекрасна личност, секогаш воздржана и достоинствена во своите изјави – изјави една госпоѓа која ја затекнавме во близина.