Заработува огромни пари, ја ангажираше Северина, а сите во чудо кога видоа што вози

Точка

23/04/2025

17:46

1.690

Големина на фонт

а а а

„Ова е "Brabus Rocket", постојат само 25 такви во светот. Дефинитивно ми е најомилен автомобил – има илјада коњски сили, што го прави екстремно моќен, а ми се допаѓа и неговиот изглед, особено внатрешноста со црвени детали. Уживам да го возам, особено кога се возам низ зелени предели.“

Во најновата епизода од емисијата „Pass the Rock“, НБА лигата објави прилог за кошаркарот на ЛА Лејкерс, Лука Дончиќ, кој од мали нозе е вљубеник во автомобилите. Во видеото, Дончиќ откри дека моментално вози "Brabus Rocket" – еден од само 25 такви автомобили во светот, и дека токму тој му е омилен.

„Ова е автомобил во кој навистина можеш да уживаш во возењето“, додаде Дончиќ, а видеото предизвика бројни коментари кај публиката.

Тој откри и дека неговиот прв автомобил бил легендарното „фиќо“, и дека има особена љубов кон постарите автомобили, кои за него имаат сентиментална вредност.

„Од дете ме интересираа кошарката и автомобилите. Си играв со колички, а потоа и со компјутерски игри со автомобили. Првиот мој автомобил беше фиќо – старо југословенско возило, многу мало, но исклучително популарно во поранешна Југославија. Сакам стари автомобили – имам два во гаража кои се многу стари, но изгледаат одлично. За мене, тие се посебни автомобили“, вели кошаркарот на Лејкерс.


Инаку, Дончиќ е „богат како брод“, откако потпиша договор со Далас (клуб кој подоцна го испрати во Лејкерс), вреден околу 200 милиони евра.

„Не знам што да правам со толку пари“, изјави тогаш Дончиќ. Веднаш по потпишувањето, Лука одлучи да прослави на спектакуларен начин – ангажирајќи ја хрватската поп-ѕвезда Северина. За неа веројатно плати значителна сума, бидејќи таа е една од најголемите музички ѕвезди на овие простори.