Норвешкиот клуб Брин продолжил со наградите за играч на натпреварот.
Сѐ започнало на крајот на март кога клубот го наградил голманот Јан де Бур за најдобар играч на дуелот со Бодо/Глимт со четири гајби со јајца.
Потоа, во Купот на Норвешка, Брин го совлада Вархауг со 4:0, а стрелецот на три гола Хајне Ларсен како награда добил печено прасе, потег кој наиде на осуда од норвешката јавност.
Изгледа дека клубот ги сфатил критиките, па и одлучил најновата награда исто така да биде животно, но живо.
Брајн ја забележал првата победа во третото коло од елитната норвешка фудбалска лига, над Хаугесунд (3:1), а за играч на натпреварот бил прогласен Аксел Кригер.
Кригер постигнал еден гол на натпреварот, а како награда добил живо јагне.
„Честитки до Кригер за наградата за најдобар играч. Јагнето е од Престергард на Фотланд. Победата на Брајн против Хаугесунд е првиот бод во Елитсериен по 22 години“, напишаа од клубот.
Следниот натпревар на Брајн е утре кога ќе игра со Торвастад во второто коло од Купот на Норвешка, а каква награда ќе добие следниот играч на натпреварот останува клубот да видиме.