Откриена нова боја – научниците го „хакираа“ човековото око и му овозможија да види нова нијанса

Точка

23/04/2025

12:15

702

Големина на фонт

а а а

Група научници тврдат дека откриле нова боја која никој досега не ја видел.

Истражувањето се должи на експеримент во којшто истражувачите насочиле ласер во очите на учесниците. Како последица на „будење“ на специфични клетки во мрежницата, научниците тврдат дека виделе сино-зелена боја која ја нарекле „оло“.

Коавторот на истражувањето, Рен Енџи, професор на Универзитетот во Калифорнија, резултатите ги окарактеризирал како извонредни, а истите биле објавени пред неколку дена во магазинот „Science Advances“.

Меѓутоа, експертите напомнуваат дека постоењето на новата боја е „подложно на преиспитувања“.


Професорот Енџи, еден од петте кои учествувале во експериментот, за „BBC Radio 4 Today“ изјавил дека „оло била позаситена од било која друга боја која може да ја видите во реалниот свет“.

„Замислете цел живот да гледате само розова, бебешка розова, пастелно розови нијанси. И еден ден, доаѓате во канцеларија и некој носи кошула со највпечатливата бебешка розова боја која некогаш сте ја виделе. И, велат дека тоа е нова боја, ја нарекуваме црвена“, објаснува тој.

„Од почеток предвидувавме дека тоа ќе изгледа како сигнал во боја без преседан, но не знаевме што ќе направи мозокот со тоа“, додал Енџи, електроинженер на Универзитетот во Калифорнија. „Тоа беше восхитувачки. Неверојатно заситена боја“.

„Невидлива“ со голо око

Меѓутоа, ласерот „разбудил“ специфични клетки, „кои на почеток би испратиле сигнал во боја во мозокот којшто никогаш не се појавува во природен вид“, било наведено во истражувањето, што во пракса значи дека „оло“ бојата не може да биде видлива со голо око во реалниот свет, туку само низ „будење“ на посебни клетки.

Некои од експертите тврдат дека оваа нова боја е „субјективна“ и „дел од личната интерпретација“.


Според професорот на Универзитетот во Лондон, Џон Барбур, којшто не учествувал во истражувањето, иако студијата претставува „технолошки подвиг“, кога станува збор за стимулација на селективни конусни клетки, откривањето на новите бои е „отворено за преиспитување“.

Додека Енџи признава дека „технички е многу тешко“ да се види „оло“, но неговата група ги проучува резултатите кои евентуално би можеле да придонесат во истражувањата за далтонизмот.