Револуција: Вештачката интелигенција може порано да го открие ракот на белите дробови – еве како

Точка

23/04/2025

18:55

645

Големина на фонт

а а а

Научниците нагласуваат дека претходните истражувања за дијагностицирање на рак на белите дробови покажале дека шансите за преживување значително се зголемуваат ако третманот започне барем четири недели порано.

Истражувачи од Универзитетскиот клинички центар во Амстердам објавија во списанието "British Journal of General Practice" дека матичните лекари, со помош на вештачка интелигенција, ќе можат да откријат рак на белите дробови дури четири месеци порано од сегашните методи, пренесува порталот "NL Times".

„Вештачката интелигенција препознава таканаречен предиктивен сигнал во медицинската историја на пациентите“, објаснуваат истражувачите од клиничкиот центар во Амстердам.


Амин Абу-Хана, професор по клиничка информатика и коистражувач, истакнува дека понатамошните анализи ќе откријат точно врз кои податоци работи алгоритмот, пред да може да се применува во реалната медицинска пракса. За потребите на оваа студија, користени се податоци од 525.526 пациенти од Амстердам, Утрехт и Гронинген.

Научниците повторно потенцираат дека раната дијагноза е клучна – шансите за преживување драстично се зголемуваат ако лекувањето започне најмалку четири недели порано.