Црн и бел чад над Ватикан: Почнува таинствениот обред на избор на новиот папа

Точка

22/04/2025

10:32

955

Големина на фонт

а а а

Конклавата за избор на нов папа, илјадагодишна тајна церемонија на Ватикан, започнува со влезот на кардиналите изборници во Систинската капела, по што главниот (мештар) на сите папини литургиски прослави со повикот „extra omnes“ (сите надвор) ги исфрла сите излишни и ја затвора масивната врата зад себе.

Со тоа и официјално започнува изборот на новиот поглавар на Католичката црква.


Конклава, која потекнува од латинската фраза „cum clave“ што значи „под клуч“, е ритуал што го придружува „раѓањето“ на новите папи со векови, од гласањето под фреските на Микеланџело во Систинската капела до иконичниот бел чад што му претходи на традиционалното прогласување „habemus a popailica“ (имаме папа) од балконот на базиликата на Свети Петар.

Подготовка на кардиналите изборници

Пред официјалниот почеток на конклавата, кардиналите пристигнуваат во Рим и одат до преноќиштето во Домот на света Марта, истата зграда во која папата Франциско одлучил да живее, наместо во луксузен папски стан.


Кардиналите изборници, помлади од 80 години, се собирраат на денот на конклавата во базиликата свети Петар на утринската миса што ја служи деканот на кардиналското собрание, во овој случај времешниот Џовани Батиста Ре (91).

Во попладневните часови, облечени во нивната кардинална облека, костум кој се состои од темноцрвена боја, бели рокети со тесни ракави и мочери, кратка пелерина закопчана однапред, кардиналите се собираат во капелата на свети Павле во апостолската палата и го повикуваат на помош Светиот Дух.

Потоа започнуваат поворка кон Систинската капела, веќе спремна за кардиналите со дрвени клупи и печка во која ќе се палат белешки и гласачки ливчиња.


Изборна постапка и правила за гласање

Процедурата за избор на папата беше сменета со апостолскиот устав „Universi Dominici Gregis“ на папата Јован Павле Втори во 1996 година. Максималниот број на кардинали изборници е 120, но во моментов има 135 со право на глас и не е исклучено, како што веќе се случило во минатото, да се дозволат исклучоци од правилото.


На сите им е забрането да користат какви било уреди и да имаат контакт со надворешниот свет. Дури откако сите кардинали ќе положат заклетва со полагање на рацете на Евангелието, кое завршува со извикот „екстра омнес“ (сите надвор), конклавата официјално започнува, вратите на Систинската капела се заклучуваат и гласањето започнува.

Доколку конклавата почне попладне, до крајот на денот ќе има само едно гласање. Во наредните денови ќе има четири круга на гласање секој ден – два наутро и два попладне.


Процес на гласање и избор на папата

Кога ќе го напишат името на гласачкото ливче под фразата „Eligo in Sumum Pontificem“ (избирам за папа), секој поединечен кардинал изборник оди кон олтарот со двапати преклопено гласачко ливче и јасно видливо. Во теорија, забрането е да се даде глас на самиот себе.

Секој кардинал на олтарот со урната ја изговара следната заклетва на латински: „Го повикувам за сведок Христос Господ, кој ќе ми суди, дека го давам мојот глас на оној за кој сметам дека според Божја процена треба да биде избран“.

Кардиналот потоа го става гласачкото ливче во урната и се враќа на своето место.


Со ждрепка се одредуваат тројца кардинали,„инфирмари“ кои ги собираат гласовите на болните кардинали и во нивно име ги ставаат гласачките ливчиња во гласачките кутии, и тројца кардинални ревизори кои ги проверуваат броителите.

Кога ќе заврши гласањето, првите двајца кардинали бројачи го отвораат и тивко го читаат името напишано на гласачкото ливче, додека третиот гласно го изговара напишаното име.

Листовите птоа се дупчат и се врзуваат заедно, а потоа се палат во печка.

Папата се избира со двотретинско мнозинство од присутните кардинали изборници, Ако по три дена не се избере папа, гласањето се прекинува за ден на молитва и промисллување. Потоа се одржуваат нови кругови на гласање сè до конечниот избор.

Објавување на изборот и претставување на новиот папа

Црниот чад од оџакот на Систинската капела ја информира јавноста дека папата не е избран.

Кога ќе се избере папата, кардиналот декан најпрво му се обраќа на избраниот кандидат и го прашува дали ја прифаќа функцијата и, доколку е така, какво име ќе избере. Дури тогаш ќе се запалат гласачките ливчиња и ќе се пушти бел чад од Систинската капела за да му се даде до знаење на светот дека е избран нов папа.


Конечно, новиот папа е облечен во бела облека во таканаречената „соба на солзите“ во сакристијата на Сикстинската капела. Тогаш кардиналот протоѓакон, францускиот кардинал Доминик Мамберти, ќе го објави изборот од централната ложа на базиликата Свети Петар. Тука, потоа ќе се појави и новиот папа и ќе го изговори својот благослов „Urbi et Orbi“ (на градот и светот).