[ВИДЕО] Трамп до американски ветеран без нозе: Значи те погодија, прекрасно

Макфакс

24/04/2025

09:15

3.222

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера во Овалната соба се сретна со група ранети американски ветерани, каде потпиша голем број нови уредби, вклучително и иницијативи во областа на образованието.

За време на состанокот, Трамп ја истакна важноста на ветераните за американското општество, нарекувајќи ги „најважната група на луѓе во оваа соба“ и ветувајќи дека „ќе бидат навистина добро згрижени“.

Средбата ја одбележа и моментот кога американскиот претседател на инвалидската количка на еден од ветераните забележа налепница „Let’s Go Brandon“, што предизвика смеа кај присутните, пишува Фокс Њуз. Ветеранот објасни дека налепницата го прикажува поранешниот американски претседател Џо Бајден, на што Трамп низ смеа одговори: „Кој е тој на сликата? Тоа е одлично“.

Трамп им се заблагодари на ветераните и нивните семејства за нивната жртва, истакнувајќи дека за време на неговиот прв мандат често ги посетувал ранетите војници во болниците.

 

Зборувајќи со ветераните кои ги загубија нозете, Трамп рече дека е „одлично“. „Значи, те погодија? Прилично добро. Те погодија. Прекрасно“.