[ВИДЕО] Американскиот потпретседател им го скршил трофејот на фудбалерите – Многумина го исмејуваат

Точка

15/04/2025

13:49

4.278

Големина на фонт

а а а

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс несмасно го соборил трофејот на шампионите во американски фудбал веднаш откако го зел в раце.

Фудбалскиот тим на државниот универзитет во Охајо гордо го освоил „College Football Playoff National Championship“, а несреќата се случила при нивната посета на Белата куќа за да го прослават успехот.

Трофејот се преполовил

По говорот на американскиот претседател Доналд Трамп, Венс и тренерот на тимот Рајан Деј застанале на јужниот тревник на Белата куќа, а Венс се обидел да го крене трофејот.

Тој го зграпчил трофејот, кој потоа се откачил од златниот врв кој го фатил играчот Тревејон Хендерсон, кој стоел зад Венс. Потоа трофејот паднал на земја, а тој морал да го крене пред камерите во живо.

Многумина го исмејуваат на социјалните мрежи

Венс се огласи на социјалните мрежи во врска со инцидентот и шеговито прокоментирал: „Не сакав некој друг да го земе трофејот по Охајо Стејт, па решив да го скршам“. Не изненадува тоа што корисниците на социјалните мрежи брзо го споредија инцидентот со неодамнешните политички настани, како што се катастрофалните царини на Трамп.

„Совршена метафора за економијата на Трамп.“, „Ова исто така го сумира и вашиот однос кон демократијата“, беа само дел од коментарите.